Дома Фудбал Германија Бизарно: Во Германија изградиле стадион од 54 милиони евра без семафор и тоалет

Бизарно: Во Германија изградиле стадион од 54 милиони евра без семафор и тоалет

Во Германија, поточно на реновираниот стадион „Хајнц-Штајнер“ во Дрезден се случи една необична ситуација за германски услови.

Имено, стадионот кој чинеше 54 милиони евра беше отворен во август, но со неверојатен пропуст. Градските власти при изградбата заборавиле на семафорот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Градот заборави семафор. Не можам да објаснам како се изгради стадион без семафор“, изјави градскиот советник, Јенс Геншмар.

Фудбалеритен а Дрезден морале да импровизираат.

„Семафор направивме со иверица обоена во боите на клубот. Привремената табла се користи за време на натпреварите на стадионот, меѓутоа се надеваме наскоро се ќе биде решено со соодветен семафор“,изјави директорот на ФК Дрезен, Маркус Зилих.

Да биде ситуацијата уште повеќе бизарна, не се изградиле ниту тоалети, па кога имало натпревари се поставувале подвижни за да има услови за одржување на еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баер Леверкузен договори две засилувања – едно од европскиот шампион, друго од Премиер лигата

Леверкузен заврши голем трансфер. Иако се очекува заминување на неколку првотимци (некои в…