Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед пронајде засилување во нападот: Ќе плати 50 милиони евра?

Манчестер Јунајтед пронајде засилување во нападот: Ќе плати 50 милиони евра?

На Манчестер Јунајтед и оваа сезона не му оди, па клубот веќе прави одредена листа на желби со фудбалери кои ќе се обиде да ги доведе во летниот преоден рок.

Клубот прави промени околу работењето и балансирањето на буџетот, а последниот потег со отказот на Сер Алекс Фергусон предизвика бурни реакции. Сепак, мораат да почнат и да доведуваат засилувања кои ќе го покажат она за што се доведени.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Според последните информации клубот од „Олд Трафорд“ е заинтересиран за Керем Актуркоглу од Бенфика и веќе испратиле скаути да ги следат неговите настапи. Летово Актуркуоглу пристигна во Бенфика од Галатасарај и продолжи да тресе мрежи. Сезонава има учинок од шест гола и пет асистенции.

Најавите се дека Бенфика не би го пуштила да замине за сума помала од 50 милиони евра. Договорот кој го има со португалскиот гигант е со важност до 2029 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Плановите на Клоп: Две имиња од Барселона се голема желба на Германецот

Jирген Клоп од јануари ќе се врати на фудбалот и тоа како „шеф на фудбалските операции“ во…