Дома Македонски спорт И Шпанците се чудат на ситуацијата во која се најде Димитриевски

И Шпанците се чудат на ситуацијата во која се најде Димитриевски

Македонскот чувар на мрежата Столе Димитриевски сезонава е во ситуација во која е втор голман во Валенсија, а до минатата важеше за еден од најдобрите во шпанската Ла Лига.

Димитриевски дојде да биде замена на Грузиецот Мамардашвили, но на крајот тој остана на едногодишна позиција од Ливерпул.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


За ситуацијата на Димитриевски чудење изрази и шпанска „Марка“.

„Беше прво засилување за Валенсија, бранеше во подготовките и се одеше како што треба за него до моментот кога Мамардашвили остана на едногодишна позајмица. Оттогаш Димитриевски има „нула“ минути и веројатно ќе му биде дадена шанса во некој натпревар од купот. Ситуацијата во која се наоѓа за него воопшто не е лесна. Во текот на летото беше слободен и имаше понуди од други клубови во Шпанија и Европа, но ја избра Валесија да биде прв голман“; пишува „Марка“.

Во изминатиот период Димитриевски одлично бранеше на голот на македонската репрезентација во дуелите со Летонија и Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Страшен гол на Мектомини, Наполи на чекор од титула (видео)

Наполи има предност од 1:0 на мечот против Каљари, одлучувачки за Скудетото. Наполи со поб…