Дома Фудбал Англија Тухел: Жалам што имам германски пасош, но имам јасна цел со Англија

Тухел: Жалам што имам германски пасош, но имам јасна цел со Англија

Селекторот на новата Англија, Томас Тухел, призна дека неговата голема цел е да му помогне на Гордиот Албиопн да го освојат Светското првенство во 2026 година во САД.

И на Островот се слушнаа мислења во кои се изразува разочарување од тоа што селектор на репрезентацијата ќе биде Германец. Како одговор, Тухел се пошегува дека жали што има германски пасош и дека неговата голема цел му била да се врати во Англија.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Жалам што имам германски пасош, но можеби навивачите ја почувствуваа мојата страст кон Премиер лигата и оваа земја, како и тоа колку сакам да работам и живеам овде. Се надевам дека ќе успеам да ги убедам колку сум горд што ќе бидам селектор на Англија. Можам да разберам што некои луѓе сакаат селектор Англичанец, но мислам дека и ние странците заслужуваме шанса бидејќи имаме добар ефект во оваа земја“, истакна Тухел.

„Ова е најголемата работа која сум ја имал во животот и знам што точно претставува да се води Англија. Сите ние имаме една силна желба, а тоа е втората светска титула и ќе се обидеме да ја оствариме во Америка“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ одиграл повеќе од 50% од натпреварите во историјата на Хрватска

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ вчера го одигра својот 182 натпревар за Х…