Дома Фудбал Останато Саудијците конечно дочекаа: Познато кога Нејмар се враќа на терените

Саудијците конечно дочекаа: Познато кога Нејмар се враќа на терените

Како што стојат работите бразилската ѕвезда, Нејмар е пред враќање на терените по долгата пауза од повредата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар по трансферот во Ал Хилал кој му даде астрономска плата се повреди и за овој тим одигра само пет натпревари.

Според последните најави сега е пред кам-бек, а тоа го потврди селекторот на Бразил, Доривал Жуниор.

„Нејмар најави дека на 21 октомври ќе игра за Ал Хилал против Ал Аин. Докторот на репрезентацијата ќе патува во Саудиска Арабија и со лекарскиот тим на саудискиот тим ќе процени дали е подготвен да игра. Ако е така, верувам дека ќе го имаме на следниот список“, изјави Доривал.

Бразил нови предизвици во квалификациите за Мундијалот го очекуваат веќе во ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фабијани пред дуелот со Купс: Конечно дојде моментот, со нетрпение чекаме да излеземе на терен!

Македонскиот шампион ФК Вардар утре ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Лиг…