Дома Фудбал Тебас се спротистави на ФИФА: Такво нешто не е потребно

Тебас се спротистави на ФИФА: Такво нешто не е потребно

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас бара од ФИФА да го укине новиот формат на Светското клупско првенство.

За Тебас нема причина да се одржува новата и проширена верзија на Мундијалот за клубови.

На оваа тема Тебас зборуваше пред собранието на Асоцијацијата за европски клубови во Брисел.

„Ваков турнир не е неопходен ниту за играчите, ниту за клубовите или ФИФА. Џани Инфантино добро знаеше дека не ги продаде ТВ правата за цената која ја бараше. Знае дека нема спонзорство и дека лигите и сојузот на играчи не го сакаат ова Светско првенство. Дефнитивно не треба да се одржи“, изјави Тебас.

Според новиот формат Светското клупско првенство ќе се игра како Мундијалот за репрезентации и тоа ќе донесе поголем број натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова грижа за Спалети: Мекени неизвесен за гостувањето кај АЗ

Јувентус има долга листа отсутни, а настапот на Вестон Мекени во Лигата на Европа ќе завис…