Дома Фудбал Французите сепак ја сменија одлуката: Мечот со Израел ќе се игра пред гледачи

Французите сепак ја сменија одлуката: Мечот со Израел ќе се игра пред гледачи

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, натпреварот од петтото коло во елитната Лига на нации меѓу Франција и Израел сепак треба да се игра пред гледачи, на „Стад де Франс“.

Двете репрезентации на 14 ноември во Париз ќе играат во групата 2 од Лигата А, а постоеше можност тие 90 минути да се одиграат без публика поради моменталната ситуација на Блискиот Исток.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во понеделникот Италија го пречека Израел во Удине, а натпреварот се играше пред гледачи, но и со бројни безбедносни мерки.

Силни полициски сили излегоа на улиците на Удине пред и на денот на натпреварот, додека делот од градот каде што се наоѓа стадионот беше затворен 48 часа пред почетокот на натпреварот.

Од врвот на француската полиција најавија и жестоки безбедносни мерки, но истовремено најавија дека дуелот сепак треба да биде отворен за гледачи.

По четири кола од групата 2, Италија е на врвот на табелата со десет бодови. Франција има бод помалку, Белгија е на четири, додека Израел се уште нема освоено ниту еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …