Дома Фудбал Останато Со Реал Мадрид освои две титули, играше финале на СП, а сега е тренер на Бока

Со Реал Мадрид освои две титули, играше финале на СП, а сега е тренер на Бока

Поранешниот аргентински репрезентативец, Фернандо Гаго (38) е нов тренер на Бока Јуниорс, објави клубот каде што Гаго пред 20 години ја започна кариерата.

Фернандо знае дека тука е како дома и многу сме среќни што е со нас“, објави претседателот на клубот Хуан Роман Рикелме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со 38 години Гаго доаѓа од мексиканскиот клуб Чивас Гвадалахара, а на клупата на аргентинскиот гигант ќе го наследи Диего Мартинез кој поднесе оставка пред неколку недели. Дебито Гаго ќе го има во натпреварот против Тигре во аргентинското првенство каде што Бока на десет кола пред крајот е на десеттото место со 12 бодови заостанување зад водечкиот Велез.

Дресот на репрезентацијата на Аргентина го носеше на 61 натпревар, а играше и во финалето на Мундијалот во 2014 година кога Германија ја освои титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајката на Мбапе заработува повеќе од седум фудбалери на Реал, напаѓачот одбил да и даде половина од парите

Килијан Мбапе се вбројува меѓу најуспешните фудбалери според заработката на светско ниво. …