Дома Фудбал Останато Се појави снимка: Романци и Албанци се тепале на „Камп Ноу“ 🎥

Се појави снимка: Романци и Албанци се тепале на „Камп Ноу“ 🎥

Во овој момент скоро 2.000 работници работат на реновирање на „Камп Ноу“, а пред неколку дена некои од нив физички се пресметале, па добиле откази од изведувачот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како работниците во тепачката користат метални прачки. Неофицијално во прашање се работници од Романија и Албанија.

„Причините се уште не се познати, но тие завршиле со конфликт кој ескалирал толку многу што работниците се удирале со шипки. Шест работници се здобиле со повреди, но за среќа никој потешко“, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Ќе потсетиме, Барселона работи на проширување на „Камп Ноу“ кој треба да биде најголем стадион во Шпанија и трет по големина во Европа. Реконструкцијата треба да заврши во 2026 година. Трошоците на Барселона би требало да изнесуваат 1.45 милијарди евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…