Дома Топ вести Варди по 12 години го напушта Лестер и тоа – поради сопругата?!

Варди по 12 години го напушта Лестер и тоа – поради сопругата?!

Џејми Варди би можел да ја промени средината.

По12 години откако пристигна во Лестер Сити од Флитвуд, брилијантниот напаѓач би можел да го напушти клубот на лето. Варди е под договор до крајот на сезоната и извесно е дека нема да го продолжи бидејќи има понуда која не може да се одбие, судејќи според информациите на англиските медиуми.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Станува збор за клуб од Саудиска Арабија.

Во оваа пауза Варди со сопругата замина во Дубаи, а потоа стигна до Бахреин и Саудиска Арабија. Тие се стационирани во Бахреин од каде сопругата на Џејми Варди објави фотографии, но се на само 40 километри од Саудиска Арабија.

Една од причините зошто Варди би можел да прифати понуда од Саудиска Арабија е тоа што неговата сопруга Ребека го изгубила случајот против сопругата на Вејн Руни, Колин Руни и ќе мора да и плати 1,8 милиони фунти. Минатата недела таа побара казната да и биде намалена за најмалку 50%, но и тоа Судот го отфрли.

Во 2019 година, Колин ја обвини Ребека дека ги споделила нејзините приватни информации со медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета сака тандем од 80 милиони евра?

Шпанскиот стратег Микел Артета смета дека му недостасуваат уште засилувања, а според после…