Дома Фудбал Останато Солскјер одбил да стане селектор, преговара со голем клуб?

Солскјер одбил да стане селектор, преговара со голем клуб?

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер ја одбил понудата да ја преземе селкторската позиција во репрезентацијата на Данска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според медиумите „Типсбладете“ Фудбалскиот сојуз на Данска испратил понуда до Солскјер меѓутоа тој ја одбил истата велејќи дека преговара со топ клуб, но засега името не се открива.

Солскјер е без ангажман откако замина од Манчестер Јунајтед во 2021 година. На клупата на „црвените ѓаволи“ тој седеше од декември 2018 година. Претходно ги предводеше екипите на Молде и Кардиф.

Неодамна Солскјер во едно интервју призна дека не би го одбил Јунајтед ако добие понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…