Дома Фудбал Погледнете од каде стоперот на Англија ја извади топката по неверојатната грешка на Пикфорд

Погледнете од каде стоперот на Англија ја извади топката по неверојатната грешка на Пикфорд

ГРЦИЈА ја победи Англија со 1:2 на „Вембли“ и на тој начин предизвика големо изненадување во третото коло од групата 2 од втората лига на Лигата на нации.

Вангелис Павлидис ги доведе Грците во водство во 49. минута, а во 83. минута неговиот гол беше поништен за 2:0. Четири минути подоцна Џуд Белингем израмни на 1:1, но во четвртата минута од судиското надополнување, Павлидис ја искористи конфузијата во англиската одбрана и и донесе победа на Грција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Натпреварот сигурно ќе беше сосема поинаков доколку Грција поведеше во десеттата минута, кога имаше одлична можност. Голманот на Англија, Џордан Пикфорд истрча од голот за да пресече долго додавање на грчки фудбалер. Успеа во тоа, но потоа се збуни.

Не знаеше што да прави, случајно ја удри топката, а истата ја одзема Анастасиос Бакасетас. Грчкиот играч за врска веднаш шутна од 30 метри, обидувајќи се да погоди празна мрежа. Топката се одби на работ од шеснаесетникот, а нејзиниот лет го следеше стоперот Леви Колвил, кој со лизгачки старт, во воздух, брилијантно ја исфрли топката од гол-линијата. Видеото погледнете го ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…