Дома Фудбал Останато Германците жестоко удрија по Клоп: Лажен е како и неговите заби!

Германците жестоко удрија по Клоп: Лажен е како и неговите заби!

Јирген Клоп потврди дека од јануари 2025 година ќе се врати на фудбалот и тоа како глаболане шеф на фудбалот во Ред Бул каде што ќе има задача да соработува со сите тренери на клубовите на оваа компанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клоп потпиша договор во кој ќе има клазула според која ќе може да замине ако добие понуда да стане селектор на Германија, а тоа веројатно нема да се случи пред 2026 година до кога Нагелсман има договор.

Меѓутоа по објавата, Клоп добива критики од германската јавност. Имено, Германецот е потсетуван на неговите изјави за модерниот фудбал во кои тврдеше дека никогаш не би водел клуб кој може со многу пари да купи се што сака.

Критиките се затоа што сега прифаќа работа која е финансирана од проект чиј темел на успех се парите.

Следеа многу критики за Германецот, но веројатно најжесток беше новинарот Гинтер Клеин кој на социјалните мрежи објави:

„Клоп е лажен како и неговите заби“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…