Дома Фудбал Алесандро Матри се врати на фудбалот, има нов клуб!

Алесандро Матри се врати на фудбалот, има нов клуб!

Италијанскиот напаѓач Алесандро Матри кој четири години беше без клуб и изгледаше дека неговата кариера е завршена сега објави дека се враќа на терените.

Матри кој има 40 години последниот ангажман го имаше во Сасуоло во 2020 година, но се задржа кратко и таа соработка траеше само неколку месеци.

Сега тој се враќа на терените како фудбалер на нисколигашот АСД Графињано кој се натпреварува во осмиот ранг на италијанскиот фудбал и беше основан пред 11 години.

Во својата кариера Матри одигра 344 натпревари во Серија А и постигна 92 гола. Освои три Скудета, два трофеи во Суперкупот и еден Куп на Италија. За репрезентацијата настапи на седум натпревари.

Милан, Лумецане, Римини, Каљари, Јувентус, Фиорентина, Џенова, Лацио, Сасуоло и Бреша се клубовите каде што настапуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…