Дома Фудбал Англија Сопственикот на Манчестер Јунајтед за првпат се огласи за Тен Хаг!

Сопственикот на Манчестер Јунајтед за првпат се огласи за Тен Хаг!

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се најавува, но и навивачите очекуваат Ерик Тен Хаг наскоро да добие отказ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во јавноста за позицијата на Тен Хаг сега за првпат се огласи сопственикот на премиерлигашот, Сер Џим Ратклиф.

Сепак, тој како што вели не одлучува за иднината на холандскиот стратег.

„Не би сакал сега да одговорам на ова прашање. Се што можам да ви кажам е дека ми се допаѓа Ерик, мислам дека е добар тренер, но јас не одлучувам зан еговата иднина. Постои тим на луѓе кои ќе одлучат што е најдобро за целиот тим. Ние имаме само една цел, а тоа е да го вратиме Манчестер Јунајтед на победничките патеки“, изјави Ратклиф.

По шест одиграни кола Манчестер Јунајтед се наоѓа на 13. позиција на табелата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити го објави дресот за новата сезона: Еве како изгледа (Видео)

Манчестер Сити го претстави својот нов дрес за домашни натпревари во сезоната 2026/27. Ово…