Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како што пренесуваат медиумите Португалецот добил понуда да се врати во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Премиер лигата е омиленото првенство на Мурињо, а според последните информации интерес за неговите услуги покажал Евертон.
Ден Фридкин преку неговата компанија која се проценува на 5.7 милијарди долари неодамна ги купи „карамелите“, а првиот чекор би можел да му биде ангажман на Мурињо.
Наводно, Мурињо не ја одбил понудата и дал до знаење дека може да преговара. На клупата на Фенербахче Мурињо пристигна пред стартот на првенството.
Треба да се знае и дека Мурињо соработуваше со Фридкин Група додека ја водеше екипатан а Рома. Минатата сезона тој доби отказ на клупата на „волчицата“ меѓутоа сега би можел да ја обнови соработката.