Првотимецот на ПСЖ, Нејмар истакна дека неговиот соиграч Килијан Мбапе има квалитет да стане еден од најважните фудбалери во светот.
ПСЖ го задржа стопостотниот учинок во Лигата на шампионите откако го совлада Андерлехт со 4:0. Мбапе и Нејмар постигнаа по еден погодок, додека преостанатите два погодоци ги постигнаа Едисон Кавани и Анхел Ди Марија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе го постигна првиот гол после само три минути од стартот на натпреварот станувајќи најефикасен тинејџер во историјата во Лигата на шампионите со осум погодоци, што е број кој не го достигнал никој со помалку од 20 години во ова натпреварување.
„Килијан ми е како син. Тој е златно момче, заслужува само добри работи. Ги има сите квалитети да стане еден од најважните фудбалери во светот. Јас сум негов фан. Се надевам дека може да ми помогне. Јас сакам да бидам она што е Меси за мене“, изјави Нејмар.
Да потсетиме, Бразилецот изминатото лето пристигна во Барселона за рекордни 222 милиони евра, додека 18 годишниот Мбапе беше доведен на позајмица од Монако со опција наредното лето да биде откупен за 180 милиони евра.