Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд најавил заминување од Манчестер Сити.
Како што се наведува во медиумите Норвежанецот е подготвен за нов предизвик и за својата намера веќе го известил клубот. Договорот на Халанд има важност до 2027 година и клубот сака да го задржи и по неговиот истек, но сепак Халанд сака да проба нешто ново.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно и порачал дека би исфорсирал заминување ако клубот не сака да го продаде. Халанд во Манчестер Сити пристигна во 2022 година и од тој момент потврди дека е еден од најдобрите голгетер ив осветот.
На 107 натпревари во дресот на „граѓаните“ Халанд постигна 101 гол и има голема заслуга за освоените трофеи.