Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10. октомври) и против Ерменија во Ереван (13. октомври) од Лига на Нации.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери помеѓу кои дебитант е само Андреј Стојчевски од Жилина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Марио ИЛИЕВСКИ (ЦСКА Софија 1948)Собриот на македонската репрезентација е закажан за 7. октомври во Скопје. Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација на воведните два натпревари запиша нерешено (1:1) на гостувањето во Фарски Острови и победа во Скопје против Ерменија (2:0).