Дома Македонски спорт Мак фудбал Натпреварот помеѓу ФК Слободен и Студеничани викендов не се одигра: Домаќините се сомневаат во неспортски игри

Натпреварот помеѓу ФК Слободен и Студеничани викендов не се одигра: Домаќините се сомневаат во неспортски игри

Викендов во рамки од четвртата лига требаше да се одигра натпреварот помеѓу ФК Слободен и ФК Студеничани, но истиот не започна поради наводно лошиот терен.

Од редовите на домаќините истакнуваат дека клубот во минатата сезона одиграл многу натпревари и во полоши услови, па сега се сомневаат дека станува збор за неспортска позадина.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За натпреварот одлука треба да донесе ОФС Кисела Вода.

На 29.09.2024 (недела) со почеток од 12ч на фудбалскиот стадион АМС Трубарево Скопје, требаше да се одигра дерби натпреварот во рамки на 1-во коло од ОФЛ Кисела Вода помеѓу екипите на ФК Слободен Скопје и ФК Студеничани.

По пристигнувањето на двете екипи и службените лица, главниот судија констатираше дека теренот е неподобен за игра и натреварот не се одигра.

Предметот е во рацете на Комисијата за натпреварување на ОФС Кисела Вода која што треба да донесе одлука во текот на оваа недела.

На теренот на којшто требаше да се игра натпреварот сме одигрувале многу натпревари претходно дури и сред зима и во многу полоши услови. Тоа ни дава за право да сме загрижени дека позади оваа одлука за неодигрување на дербито од 1-во коло, има поголема игра.

Одлуката на Комисијата за натревари при ОФС Кисела Вода ќе ја почитуваме и се надеваме дека ќе биде во интерес на спортот и дека натпреварот ќе се одигра на зелениот терен, а не на зелената маса.

Нека победи спортот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

На „Комити“ им било јасно кажано: Миленко мора да биде во клубот – во спротивно клубот нема да постои!

„Комити“ денеска ја одржаа најавената прес-конференција на која објаснија како стојат рабо…