Контроверзниот италијански фудбалер, Марио Балотели наскоро би можел да игра фудбал во шпанската трета лига.
Балотели во кариерата го носеше дресот на: Милан, Ливерпул, Олимпик Марсеј, а негов последен клуб беше Адана Демирспор од Турција. Според последните информации на „АС“ Италијанецот кој е без клуб преговара со клубот Интереси кој се натпревара во третата шпанска лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите за „АС“ ги поврдиле извори од клубот и наводно тие одат во добра насока. Балотели во претходните денови се поврзуваше и со трансфер во Бугарија во екипата на ЦСКА Софија, но очигледно од тоа нема да има ништо.