Поранешниот италијански фудбалер Андреа Капоне (43) бил пронајден мртов во хотел откако се забавувал со пријателите.
Од полицијата засега информираат дека смртта била ненадејна, а се сомневаат и за повреда на вратот поради пад.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Газета дело Спорт пишува дека Капоне бил на вечера и забава со пријателите, а следното утро бил пронајден мртов.
Капоне е поранешен играч од средниот ред кој поголемиот дел од кариерата го помина во Каљари.
Кариерата ја започна во 1998 година, а ја заврши во 2010. Играше и за Сора, Тревизо, Виченца, Гросето и Салернита, кој беше неговиот последен клуб.