Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во хаотичното дерби од 8. коло на Ла Лига по прекин на натпреварот на околу 15 минути.
Реал поведе во 65. минута со голот на Едер Милитао, а голот особено бурно го прослави голманот на Реал, Тибо Куртоа, провоцирајќи ги навивачите на големиот ривал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најжестоките почнаа да фрлаат кон него запалки, шишиња и сендвичи, по што судијата го прекина натпреварот.
Судијата и Куртоа ги собраа сите предмети кои беа вперени кон голманот на Реал, а најголемо внимание привлече торбата која полета од трибините кај Куртоа. Ја подигна и му ја даде на судијата. Не се знае што имаше во неа, но на социјалните мрежи на големо се пишува дека се работи за измет. Тешко е да се докаже вистинитоста на споменатите шпекулации.
🚨 The items thrown at Courtois. pic.twitter.com/lDTGfEFC2q
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 29, 2024
Куртоа, кој во кариерата забележа 154 одбрани за Атлетико, на сето ова им се насмеа на навивачите на Атлетико, гестикулирајќи им и извикувајќи „Повеќе!
На големата омраза меѓу навивачите на Атлетико и голманот на Реал, доказ за тоа што кај еден навивач на Атлетико кој фрлаше кон голманот на ривалот беше пронајден нож.
🚨 BREAKING: One of the fans who threw a lighter on Thibaut Courtois had A KNIFE. @elchiringuitotv pic.twitter.com/VYFF1YAL2l
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 30, 2024