Душан Влаховиќ најверојатно ја игра последната сезона во Јувентус и на лето ќе ја промени средината.
Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а неговата плата наскоро ќе порасне на 12 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Поради тоа преговорите нема да бидат лесно, бидејќи Јувентус мора да го намали трошоците и ќе му понуди подолг договор, но со помала плата.
Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, потврди дека Србинот одбива компромис, па „бјанконерите“ ќе го стават на трансфер листа.
Најсилен интерес за него покажува Арсенал, кој е спремен да плати 60 милиони евра.