Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Мартинез на два натпревари.
Тој нема да биде дел од националниот тим во октомврските квалификации за Светското првенство.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Голманот на Астон Вила веќе е познат на јавноста по неговите вулгарни гестови по некој голем освоен трофеј.
На 11 септември, 32-годишниот Аргентинец ја удри камерата по поразот од Колумбија во квалификацискиот натпревар за СП 2026 година. Неколку дена претходно, за време на церемонијата во чест на победата на Копа Америка 2024 година, тој го стави трофејот на препоните, како што направи по победата во финалето на Светското првенство во 2022 година.