Средбата помеѓу Тиквеш и Вардар не го дочека официјалниот крај бидејќи судијата Александар Ставрев го прекина натпреварот неколку минути порано поради инцидентот во кој беше повреден помошникот судија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ставрев во официјалниот записник додал дека натпреварот не е официјално завршен туку прекинат во 96. минута.
Тоа значи дека средбата ќе биде регистрирана со 0:3 за Вардар, место 0:1. Освен тоа многу е веројатно и дека ќе има казна за Тиквеш.
Клубот од Кавадарци може да се соочи со суспензија на теренот и да игра на друго место или пак да биде забрането присуство на публика.