Дома Фудбал Барселона во стартен состав како денешниот веројатно нема да игра никогаш повеќе

Барселона во стартен состав како денешниот веројатно нема да игра никогаш повеќе

Барселона веројатно никогаш повторно нема да ја видиме во стартен состав каков што има денеска против Виљареал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Виљареал го пречекува десеткуваниот каталонски тим во директен судир во битката за врвот на табелата, бидејќи Ханси Флик одлучи да ги изостави Кубарси и Балде и Касадо кои досега беа незаменливи.

Големиот број повреди доведоа до фактот многу играчи мораа да играат практично без пауза од почетокот на сезоната, а во најлош момент сега треба да мируваат – Кубарси, Балде и Касадо, кои се заменети со членови на Б тим – Серхи Домингез, ќе игра во тандем со Иниго Мартинез, додека како лев бек ќе игра Џерар Мартин.

Во средниот ред наместо Касадо, заедно со Педри игра Ерик Гарсија, тука е и Пабло Торе, бидејќи и Дани Олмо е повреден, а Феран Торес е суспендиран.

Натпреварот помеѓу Барселона и Виљареал започна во 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ФОТО) Спектакуларниот Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно блесна во дресот на Валенс…