Дома Фудбал Италија Мота го замени на полувремето, па застана во одбрана Влаховиќ – за неговата лоша форма ги обвини и останатите играчи!

Мота го замени на полувремето, па застана во одбрана Влаховиќ – за неговата лоша форма ги обвини и останатите играчи!

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ се најде на удар на италијанските медиуми откако вчера не се запиша во листата на стрелци во дерби натпреварот со Наполи.

Дербито во Серија А заврши без победник 0:0 и тоа беше трет натпревар во низа во Серија А и четврти вкупно на кој српскиот напаѓач не постигна гол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради својот лош настап Влаховиќ беше и заменет на полувремето, а на негово место влезе Тимотни Веа. Сепак, тренерот Тијаго Мота на прес-конференцијата застана во одбрана на Влајовиќ.

„Во играта на Влаховиќ многу работи зависат и од соиграчите, тие треба да го разиграат. Немам протокол за измени, работам на чувства и некогаш ќе погодам, некогаш не. Задоволен сум од Влаховиќ“, изјави Мота.

Последен пат Влаховиќ погоди против Верона кога двапати ја затресе противничката мрежа тоа се неговите единствени погодоци сезонава во Серија А по пет одиграни кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…