Дома Фудбал Изненадувачкиот пораз на Барселона од трибините го гледаше и Мајкл Џордан

Изненадувачкиот пораз на Барселона од трибините го гледаше и Мајкл Џордан

Натпреварот помеѓу Монако и Барселона (2:1) во живо од ложата на стадионот во Кнежеството ја следеше и Мајкл Џордан.

За многумина најдобриот кошаркар на сите времиња и легенда на Чикаго Булс не можеше да побегне ниту од камерите на стадионот, ниту од телефоните на присутните околу него.

Не е познато за кого Џордан навиваше, а натпреварот на крајот заврши со изненадувачка победа на домаќините од 2:1. Ќе потсетиме, Барселона уште во 11. минута остана со играч помалку откако исклучување заработи Ерик Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…