Дома Фудбал Останато Познато кој ќе го води Динамо по отказот на Јакировиќ

Познато кој ќе го води Динамо по отказот на Јакировиќ

Динамо Загреб и официјално ја потврди разделбата со тренерот Сергеј Јакировиќ по дебаклот кој го доживеа хрватскиот гигант и поразот од 9:2 од Баерн Минхен.

Раководството на „модрите“ разгледува неколку опции за можен нов тренер, а за викендот против Славен Белупо тимот ќе го води Сандро Перковиќ. Тој ќе остане на клупата до пронаоѓањето на конечно решение.

Во играчката кариера Перковиќ го носеше дресот на Металац Сисак, австриските Гроспетерсдорф, Илцер и Нестелбах и Шегеста, додека кариерата како тренер ја започна во 2013 година.

На кормилото на првиот тим ќе биде прекомандуван од младинските категории. Претходно главвен тренер беше во Акритас Клоракас и Рига од Кипар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се подготвува сензација, Мората е на чекор до играње во Сегунда?!

Мозес Кен е сè поблиску до премин во Комо од Фиорентина, а тоа најверојатно ќе значи и кра…