Францускиот напаѓач, Ентони Марсијал од денес и официјално е нов фудбалер на грчки АЕК.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Изненадување беше кога се појавија најавите дека екс-напаѓачот на Манчестер Јунајтед може да се пресели во АЕК, но на крајот истите се остварија.
Марсијал ќе биде најплатениот играч во редовите на АЕК со плата од три милиони евра по сезона за тригодишен договор. Тоа значи дека на крајот од договорот ќе заработи девет милиони евра.
Претходно се пишуваше и дека Марсијал води преговори со Фламенго, но очигледно во АЕК биле посериозни. Без клуб Марсијал беше по заминувањето од Манчестер Јунајтед на крајот од минатата сезона.