Италијанските гиганти Милан и Интер го отфрлија проектот за модернизација и реструктуирање на нивниот стадион „Сан Сиро“, објави градоначалникот на Милано.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Клубовите кажаа НЕ на реструктурирањето на Сан Сиро предложено од градежната група WeBuild. Тие доставија детални анализи за техничко-економската исплатливост и нивните заклучоци се дека овој проект не може да се изведе со одржливи трошоци и дека не сакаат да се ангажираат во таа насока“, Џузепе Сала.
Проектот за нов стадион во областа Сан Сиро наречен „Катедрала“ беше претставен во 2021 година. Но, набрзо беше напуштен бидејќи, покрај протестите на луѓето што живеат во соседството, бараше и уривање на стадионот, што не можеше да се направи поради културен интерес.
Потоа Милан започна проект за изградба на свој самостоен стадион,па клубовите сега го одбиле предлогот за реконструкција.