Пауло Фонсека нема добар почеток на клупата на Милан, а според информациите од медиумите добил ултиматум од Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ му поставил ултиматум во следните три натпревари тимот да дојде до подобри резултати или во спротивно ќе добие отказ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клучни ќе бидат натпеварите со Ливерпул и Интер следната недела, па доколу Милан забележи лоши резултати ќе има тренерска смена.
На списокот на раководството се поранешниот тренер на клубот Масимилиано Алегри, Маурицио Сари и Томас Тухел.
Тројцата искусни тренери се слободни во моментов и спремни да седнат на жешкото столче.