Францускиот тенисер Беноа Пер одново се најде во центарот на вниманието поради неговите испади.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Челенџерот во Рен, Пер изгуби меч за само 37 минути игра. Подобар од него беше Британецот, Џејкоб Фирнли со резултат 6:1 и 6:0.
Пер доби свирежи од домашната публика за своето несериозно и ноншалантно однесување, а тоа им возврати со бакнежи.
Инаку, Пер многу пати во минатото истакнуваше дека други работи му се поважни од тенисот.