Дома Трансфер зона Депај фантастично пречекан во новиот клуб 🎥

Депај фантастично пречекан во новиот клуб 🎥

Холандскиот фудбалер, Мемфис Депај допатува во Сао Паоло каде што потпиша двегодишен договор со Коринтијас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Депај допатува на аеродромот, Гваруњос каде што беше пречекан од навивачите. Во бразилскиот клуб Депај пристигна како слободен играч, а ќе биде претставен пред четвртфиналето од Купот против Хувентус.

Во првиот натпревар Коринтијас изгуби 1:3. Депај на почетокот на неделата во Холандија ги помина лекарските прегледи.

Кариерата ја започна во 2011 година во ПСВ, играше уште за Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико. Дебито за холандската репрезентација го имаше во 2013 година, а во 98 натпревари постигна 46 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…