Дома Останати Кошарка НБА: ШОК за Бостон на отварањето, Харден им „пресуди“ на Вориорсите! (Видео)

НБА: ШОК за Бостон на отварањето, Харден им „пресуди“ на Вориорсите! (Видео)

Стартуваше новата НБА сезона, во дербито на вечерта во Бостон следуваше шок после само пет минути игра…

Се остана во сенка на повредата на Гордон Хејвард. На дебито за новиот клуб, после само пет минути игра, вистински хорор на отварањето на сезоната. Шокираниот Бостон беше поразен во Кливленд со 102:99, но сосема сигурно дека после тоа што се случи резултатот е она што најмалку ги интересира.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кајри Ирвинг против довчерашниот свој клуб уфрли 22 поени, успеаа да се вратат од -18, но не и да победат.

Леброн во финишот го одлучи натпреварот, по добрата одбрана на Смарт. Потоа му асистираше на Лов за тројка. Натпреварот го заврши со 29 поени, сега е седми на листата  најдобри стрелци на сите времиња и започнува „потера“ по Дирк Новицки. Покрај тоа „кралот“ имаше и девет асистенции и дури 16 скокови.

Хејвард го чека операција и долга пауза и тоа е голем удар за неговиот тим. Да потсетиме тој потпиша договор на четири години вреден 128 милиони долари. Во продолжение погледнете ја реакцијата на клупата на Кливленд.

Неговиот врисок откако Смарт и Леброн му паднаа на нога ја заледи и домашната публика, но и соиграчите.

Напнато беше и отварањето на Западот, Хјустон го победи шампионот, одлучи Харден со поените во финишот. Стеф Кари промаши тројка за победа во напнатиот натпревар, завршницата му припадна на Хјустон постигнаа четири поени во последната минута од натпреварот.

Во самиот финиш Дурант погоди во последниот напад, започна славјето, но после прегледувањето на снимките се покажа дека времето истекло, па до победата стигна клубот од Тексас.

Харден покрај 27 поени запиша и 10 асистенции, Хјустон користеше само осум играчи, но клупата, поточно Гордон, Пи Џеј Такер и Мба Мута постигнаа 68 поени. Крис Пол додаде само четири поени и запиша 11 асистенци.

Кај Вориорсите кои последната четвртина ја изгубија со 14 поени разлика, Кари постигна 22, Дурант 20, а Клеј Томпсон 19. Треба да се спомене и дека во третата четвртина останаа без повредениот Драјмонд Грин.

Голден Стејт – Хјустон 121:122

Кливленд – Бостон 102:99

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…