Дома Трансфер зона Јувентус и Интер се борат за потписот на Џонатан Дејвид

Јувентус и Интер се борат за потписот на Џонатан Дејвид

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето, а за него сериозен интерес покажуваат Интер и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.

Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти и во јануари да постигнат преддоговор, а следното лето да го доведат бесплатно.

Јувентус и Интер веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да ја победат конкуренцијата од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…