Дома Фудбал Репрезентации Хаос во репрезентацијата на Косово, селекторот избрка тројца фудбалери

Хаос во репрезентацијата на Косово, селекторот избрка тројца фудбалери

Фудбалскиот сојуз на Косово суспендираше три ѕвезди на својата репрезентација поради кршење на дисциплината.

Имено, селекторот Франко Фода одлучил да отстрани тројца стандардни првотимици од репрезентацијата на Косово. Во прашање се Аријанет Муриќ, Едон Женгрова и Флорент Муслија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сите тројца повеќе нема да се дел од репрезентацијата додека е Фода селектор поради прекршување на одредени правила.

„Во одлука со селекторот Франко Фода тројцата фудбалери Муриќ, Женгрова и Муслија се отстранети од националниот тим поради прекршување дисциплински правила“, објавија од Фудбалската федерација на Косово.

Се уште не е откриено што направиле тројцата за да бидат избркани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дел Пјеро удри по Интер: Тоа не им требаше!

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, јавно го критикуваше тренерот на Интер, Кристи…