Дома Фудбал Репрезентации Модриќ: Ќе видиме што ќе каже телото за Мундијалот во 2026…

Модриќ: Ќе видиме што ќе каже телото за Мундијалот во 2026…

Денеска во рамките од првото коло во Лигата на Нации ќе играат Хрватска и Португалија.

Натпреварот е во терминот од 20:45 часот, а пред овој дуел хрватскиот ветеран, Лука Модриќ зборуваше за своите очекувања.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Модриќ не крие дека сака да игра на Светското првенство во 2026 година, меѓутоа не е сигурен како ќе се одвиваат работите.

„Навистина сум многу горд што играм за Хрватска, но никогаш не знаете што ќе се случи во иднина. Среќен сум што селекторот ме повика, мислам дека же можам да помогнам.

Сакам да играм на Светското првенство во 2026 година, но тој турнир е далеку и во овој период од кариерата не можам да планирам такво нешто. Не знам колку е реално. Сега сум тука и ќе играм во Лигата на Нации, ќе видиме што ќе каже телото за понатаму“, изјави Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…