Дома Фудбал Англија Боели си продаде хотели сам на себе за Челзи да остане во рамките на ФФП, Премиер лигата вели – се е легално!

Боели си продаде хотели сам на себе за Челзи да остане во рамките на ФФП, Премиер лигата вели – се е легално!

Oд доаѓањето во Челзи, Американецот Тод Боели потроши над 1.4 милијарди евра на засилувања. За многумина е чудно како тој се уште е во рамките од Финанискиот фер-плеј, додека други клубови со помалку потрошени пари се казнуваат.

Челзи на фудбалерите им дава долги договори на седум, осум па и на девет години и така платата се разделува на повеќе години и се избегнуваат проблемите со ФФП во овој момент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа тука е и една спорна продажба на два хотели кои Боели ги продаде на самиот себе. Имено, тој направи продажба помеѓу две свои сестрински фирми. Така тој дојде до профит од над 70 милиони евра и успеа да остане во границите на ФФП.

Премиер лигата го одобри ваквиот потег, па Челзи нема да биде пријавен во УЕФА за нешто нелегално. Задолжените лица во Премиер лигата ја истражиле ситуацијата и утврдиле дека се е легално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ед Ширан во транс: Каква прослава на познатиот пејач откако Ипсвич даде гол против Јунајтед

Фудбалерите на Ипсвич со голoт против Манчестер Јунајтед успеаја да ги кренат на нозе сите…