Милан и Рома доцна синоќа договорија размена на позајмици, така што на „Олимпико“ беше испратен Салемакерс, а на „Сан Сиро“ пристигна Тами Абрахам.
Напаѓачот утрово пристигна на лекарски прегледи во Милано да го комплетира трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако успешно ги мина лекарските прегледи Абрахам сега пристигна во „Каса Милан“ каде ќе стави потпис на договорот.
Напаѓачот пристигнува на едногодишна позајмица, а ќе ја добива истата плата која ја замеше во Рома, односно 5,5 милиони евра.
📰 @AntoVitiello: Tammy Abraham has arrived at Casa Milan to sign the contract. pic.twitter.com/TWyht7cXCs
— Milan Posts (@MilanPosts) August 30, 2024