Откако Кепа Аризабалага се пресели во Бормут, Челзи успеал да се ослободи и од уште една голман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според последните информации објавени од Фабрицио Романо, Ѓорѓе Петровиќ се сели во редовите на француски Стразбур.
Српскиот голман би бил на позајмица од јуни 2025 година. Околу позајмицата се е договорено и официјализација се очекува во секој момент.
Тренерот Енцо Мареска во овој момент има преголем број играчи и сака да го растерти играчкиот кадар, па затоа до крајот на преодниот рок би можеле да очекуваме уште некое заминување од редовите на „сините“.