Хрватскиот фудбалер и член на Хамбургер, Марио Вушковиќ денес и официјално ја доби казната за допинг и ќе биде надвор од фудбалот до 2026 година, објавија хрватските медиуми.
Вушковиќ е суспендиран на четири години, но бидејќи неговиот случај започна во 2022 година, две години веќе се поминати, па тој ќе може на терените да се врати во септември 2026 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватот во ноември 2022 година беше суспендиран поради сомнение за користење допинг, а откако ја обжали првостепената одлука за играње фудбал, наместо првичната двегодишна доби – доби четиригодишна суспензија.
Како резултат на жалбата Меѓународниот суд му одреди повисока казна и го исфрли од фудбалот на четири години. Во случај Вушковиќ да прифатеше спогодба сега веќе ќе можеше да се врати на терените.