Дома Фудбал Италија Го нарекуваа свиња, а сега се враќа таму каде што најмногу го мразат!?

Го нарекуваа свиња, а сега се враќа таму каде што најмногу го мразат!?

Иднината на Карло Анчелоти е една од главните теми во спортските медиуми откако италијанскиот стратег доби отказ во Баерн Минхен.

Веднаш откако доби отказ на „Алијанц Арена“ се појавија шпекулации дека Анчелоти ќе се врати во Милан, клуб каде ги постигна најголемите успеси во кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, искусниот италијански стратег ги демантираше таквите наводи и истакна дека нова работа ќе бара дури на крајот на сезоната. Доколку им се верува на италијанските медиуми Карло би можел да се врати на Апенините, но не на „Сан Сиро“.

Наводно Анчелоти сака да се врати во клубот каде стана еден од најомразените ликови во изминатите две децении. Станува збор за Јувентус каде Карло работеше од 1999 до 2001 година, а потоа замина во Милан каде правеше чуда.

Навивачите на Јувентус извадија транспарент: „Свиња не може да биде тренер на Јувентус“, и Анчелоти сигурно е еден од најомразените ликови кај фановите на „старата дама“.

На Апенините веруваат дека Алегри на крајот на сезоната би можел да го напушти Јувентус, а Анчелоти нема ништо против да се врати на местото каде што е омразен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Самсунспор вечерва ќе има поддршка во Скопје – навивачите направија шоу во Скопската чаршија! (Фото+Видео)

Екипата на Шкендија вечерва игра против Самсунспор во Конференциската лига, а турскиот тим…