Екипата на Челзи е еден од ретките феномени во светскиот фудбал бидејќи во својот тим има дури 50 фудбалери.
Слично беше и во минатите сезони кога клубот под договор имаше голем број фудбалери, меѓутоа тогаш ги пушташе играчите во своите филијали. Сепак, такво нешто сега е забрането, а некои од тие клубови се и во тешка состојба, па Челзи има проблем да се ослободи од вишокот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според последните информации од Островот, Челзи сака да се ослободи од 14 фудбалери кои ќе ги продаде или ќе ги пушти на позајмица.
Првиот кој треба да замине е Ромелу Лукаку во Наполи за 35 милиони евра. Потоа Кепа Аризабалга најверојатно се сели во Бормут, Чилвел и Стерлинг се споменува дека можат да бидат искористени во трансферот на Санчо, Ипсвич сака да го доведе Борха…Но, тука остануваат уште: Тревоор Чалобах, Ѓорѓе Петровиќ, Карни Чуквуемека, Давид Фофана, Анџело Габриел, Дејвид Вашингтон, Алекс Матос, Харви Вејл и Лукас Бергстром, сите тие се фудбалери на кои Мареска не смета.