Милан иако донесе големи засилувања ова лето многу лошо ја започна сезоната, па почна да се тресе клупата на Винченцо Монтела.
Иако долго време се шпекулира дека Монтела ќе добие отказ тој „преживеа“ и после поразот во градското дерби, но медиумите тврдат дека следните четири меча ќе бидат пресудни за неговата иднина на „Сан Сиро“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ направи анализа и смета дека новите засилување не го даваат својот максимум токму поради стилот на игра на Монтела.
Леонардо Бонучи е непрепознатлив и игра многу лошо, додека Франк Кеси нема дефинирана улога во средниот ред.
Во следните четири натпревари Милан игра со Џенова, Киево, Јувентус и Сасуоло па доколку има позитивни резултати Монтела ќе остане на клупата, во спротивно ќе добие отказ.