Дома Трансфер зона Алисон како Дибала: Не му значат саудиските милиони

Алисон како Дибала: Не му значат саудиските милиони

Голманот на Ливерпул и бразилската репрезентација Алисон Бекер изјави дека одбил неколку богати понуди од клубови од Саудиска Арабија.

Алисон (31) пристигна во Ливерпул во 2018 година од Рома и неговиот договор со англискиот гигант е со важност до 2027 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Сакам да го испочитувам мојот договор со Ливерпул или да потпишам нов. Навистина сум среќен во Ливерпул, моето семејство е среќно. Никогаш не сум стигнал до точка да зборувам за платите, но понекогаш те привлекува одредена понуда. Тоа е нормално“, изјави Алисон.

Бразилскиот репрезентативец изјави дека игра фудбал за љубов.

„Тоа е нешто што сакам да го работам, меѓутоа тоа е и наша професија па сакам да ги искористам годините кои ги имам. Ќе бидам фокусиран, бидејќи сè уште имам договор со клубот. Ако клубот сака да ме продаде, тогаш ситуацијата би била поинаква, не би сакал да правам проблеми. Засега се е во ред“, додаде голманот на Ливерпул.

Алисон за Ливерпул вкупно бранеше на 264 натпревари. Инаку, неодамна богата понуда од Саудиска Арабија одби и Паоло Дибала на кого Ал Кадсија му нудеше договор вреден 75 милиони евра за три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Само два клуба можат да си го дозволат Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на гигантите ширум Европ…