Дома Фудбал Виљареал не штеди: Купи и дефанзивец за 17.5 милиони евра

Виљареал не штеди: Купи и дефанзивец за 17.5 милиони евра

Шпански Виљареал доведе ново засилување во своите редови и ја зацврсти одбраната со Логан Коста.

Станува збор за дефанзивец кој пристигнува од француски Тулуз, а оштетата за него изнесува 17.5 милиони евра. Во младинските категории го носеше дресот на Франција, меѓутоа во 2022 година одлучи да настапува за Зеленортска Репбулика за која собра три настапи.

Пред ангажманот на Коста, Виљареал го доведе и голманот Луис Јуниор кого плати 14 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Костакурта удри по Милан: По дербито со Интер, европски студен туш

Поразот од Ференцварош со 0-2 го остави Милан на 28. место во Лига Европа, а Алесандро Кос…