Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку наскоро би можел да го комплетира својот трансфер во кој ќе се врати во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најавите на медиумите се дека Наполи и Челзи се блиску до договор за 31-годишниот голгетер кој така би се вратил во италијанскиот фудбал каде што го носеше дресот на Интер и Рома.
Главен „виновник“ за овој трансфер би бил тренерот Антонио Конте кој силно посакува да го види во своите редови.
Трансферот на Лукаку ја отвора можноста и за преселба на Нигериецот Виктор Осимен во Неапол. Наполи за неговите услуги бара сума од 130 милиони евра.