Лестер штотуку се врати во Премиер лигата, а веќе може да биде казнет со двојно одземање на бодови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што се наведува клубот во текот на минатата сезона во која играше во Чемпионшип трошел многу повеќе од предвиденото.
Меѓутоа и тоа не е се. Од 2020 до 2023 година тие беа во минус од 215 милиони фунти, а во сезоната 20222/2023 имаа загуба од 105 милиони евра, па би можеле да заработат и уште една казна поради надминување на границите.
Се уште не е познато колку бодови би можеле да им бидат одземени.
Да потсетиме дека Евертон и Нотингем Форест ја доживеаја истата судбина во Премиер лигата минатата сезона. На Евертон му беа одземени осум, а на Форест четири бода.